Во последниот период се повеќе се популарни термините биорепарација и биорегенерација, дознајте повеќе за нивното значење и направете разлика!
Биорегенера (био освежување на кожата) – една од најпопуларните методи кои се употребуваат во естетскта пракса, најпрепорачана и од страна на пациенти и од страна лекарите. За биорегенерација се користи нестабилирана хијалуронска киселини.
ЛИЦЕТО Е ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА МЛАДОСТА !
Надворешното стареење на кожата е резултат на страеење на целиот организам, тоа е резултат на:
- Различна временска старост на секое поединично ткиво
- Промени со различна брзина кои се случуваат на организмот со текот на времето ( Промените не ткивата се се различна брзина кај едни настануваат побрзо, кај други поспоро)
А. Lu и Lue Lu се научници кои откриле дека за ја подмладиме на кожата треба да работиме на фибробластите и да ја стимулираме нивна активна делба – размножување. Во здравата кожа фибробластите како и сите други клетки во организмот се делат – размножуваат и продуцираат матична хијалуронска киселина. Истата таа, матична хијалуронска киселина е одговорна за синтезата на колагенските и еластинските влакна. Со текот на времето карактеристиките на фибробластите квалитативно и квантитативно се нарушуваат. Тоа се манифестира со видливи надворешни промени на кожата, како: намалување на тонусот на кожата, кожата станува сува и потенка. Од оваа причина лицето изгледа променето и помалку атрактивно.
Нестабилизираната Хијалуронска киселина делува на фибробластите преку ЦД44 рецептори. Научниците докажаа дека процесот на саморегенерација и делење- размножување на фибробластите може да се стимулира исклучиво како резултат на Хијалуронска Киселина која има определена вискозност, молекулска маса од минимум 1 Далтон и концентрација од минимум 15 мг/мл.
Биорепарација :
Тоа е нова метода за подмладување на кожата !
Препаратите кои се користат за оваа процедура состојат од модифицирана хијалуронска киселина во комбинација го голем број биолошки состојки како: витамини, минерали, олигоелементи, амоникиселини, пептиди и др.
Изборот за која метода е подобра да се употребува кај одреден пациент е оставен на докторот, тој самиот според состојбата на кожата, начинот на живот, животните навики, треба да одлучи која метода е посоодветна за одреден пациент!