Добредојдовте

Добредојдовете во првиот и единствен центар за медицинска естетика и козметика.

Дерма Бела е единствениот центар во Македонија во кој се спојуваат медицината и козметиката.  Анти агинг медицината е нова, млада гранка во медицината, таа е комплексна наука која ние ја презентираме и ја аплицираме на нашите клиенти.

Специфичниот пристап и начин на работа не прави препознатливи за клиентите.  Ние постојано ги имплементираме нашите најнови сознанија од светските Anti aging конгреси и научни средби во нашите терапии.

Нашиот успех се должи на големата посветеност, љубов и континуирана едукација на целиот персонал.

Нашата визија

Наша визија е да предизвикаме срекни, задоволни и насмеани лица !

— Фросина
  • ЗОШТО Дерма Бела?

    Нашиот тим е наш најголем адут. Нашето најмоќно оружје е знаењето, стучноста и професионалноста.

    Спојот лекар, фармацевт и козметичар е уникатен и неповторлив. Тоа ниовозможува комплетна грижа за нашите клиенти. Комплетна препорака за третмани и домашна нега.

  • Кои се нашите предности?

    Козметика  ( класично чистење на лице, третмани за нега на кожа, депилација, педикир, масажи..), медицинска естетика, Anti Aging,  ласери и стручен совет за домашна нега, сена едно место.

    Во Дерма Бела сите козметички третмани се изведуваат со француска професионална  козметика COLLIN Paris. Приборот и алатките кои се користат за работа се исклучиво за ЕДНИКРАТНА употреба, што овозможува врвна хигиена и безбедност за клиентот.

    Врвна хигиена, услуга и  безбедност!

  • Искуство и експертиза

    Долгогодишното искуство во областа на козметиката ни овозможува да го препознаеме и да го овозможиме најдоброто за нашите клиенти. Д-р Весна Ѓорѓиеска е првиот лекар во Македонија, а во првите 5 лекари на Балканот  која започна со аликација на хијалуронски филери за пополнување на усни и брчки, ласерски третмани за трајно одтрсанување на влакна и капилари, ласерско подмладување и одстранување на пигментни флеки на лице и тело. Д-р Ѓорѓиеска, исто така е првиот лекар на овие простори, што ја воведе мезотераоијата како метода со која успешно се третираат разни проблеми на кожата на лице и тело, како што се: косопад, витилого, подмладување, одстранување на пигментација, целулит и липолиза. Дерма Бела располага со свој оддел за тренинзи за мезотерапија, хемиски пилинзи и козметика COLLIN Paris.

     

  • Европски стандарди и повеќе

    Дерма Бела работи исклучиво по европски и светски стандарди во областа на естетиката, со тоа обезбедува услуга со врвен квалитет.

Историја на компанијата

Studio Bellezza е основано во 1993 година во Прилеп, од страна на д-р. Весна Ѓорѓиеска. Тоа е првиот козметички салон во Прилеп кој работи по светски сандарди. Уште од самиот почеток студиото реаботи исклучиво со високо професионални и светски познати брендови во козметиката како: Centella France, RVB Italy, COLLIN Paris France.

Во 2000 година studio Bellezza станува лиценциран институт на COLLIN Paris.

Истата година студиото се проширува и преместува на нова локација бул. Гоце Делчев бр.42 во Прилеп. Во 2008 година studio Bellezza се проширува и прераснува во Derma Bella Медицинско Естетски и Ласерки Центар, лоциран во Скопје нас. Капиштец.

Во 2005 година д-р Весна Ѓорѓиеска беше избрана во 10те најдобри жени менаџери во Р. Македонија.

И во двата центри работи високо стручен и професионален персонал, кој постојано ги надградува сопствените знаења посетувајќи ги светските семинари и обуки за новости и трендови во козметологијата и медицинската естетика.