Ласерската сонда ослободува инфрацрвена светлина во импулси, таа го загрева коренот на влакното и го уништува. Ласерската светлина поминува низ средниот дел од кожата и се апсорбира во пигментот – меланин. На овој начин загревањето на коренот на влакното се забрзува, тоа доведува до негово уништување. Ласерската светлина трае доволно долго за да го уништи влакното. Секако, на главата од ласерот има активно ладење што пак ја штити кожата од оштетување и ја одстанува болкта.
Влакната несмеат да се депилираат 4-6 недели пред ласерскиот третман. Идеална кожа за овој третман светла кожа со темни влакна, за да ласерскиот сноп не биде привлекуван од пигентот на кожата.
Бели и светли влакна слабо реагираат на ласерскиот зрак бидејќи не содржат пигмент- Меланин.
Најчесто се потребни 3-5 третмани, кои се прават на одреден временски период. Уништените влакна после третманот постепено паѓаат од кожата во наредните 10 дена.
Со овој третман може да се третираат сите делови кожата на лице и тело, освен околуочната регија.
Дерма Бела користи најнови ласери за одстранување на влакна Lumenis и LightSheer.