Scarlet-третман – ПРИРОДНО ПОДМЛАДУВАЊЕ НА КОЖАТА

Во што се крие тајната на овој метод?

Подмладувањето со Scarlet-методот дава силен ефект затоа што го здружува дејството на ласерското подмладување со стимулација и регенерација со помош на плазма и фактори на раст. Комбинацијата од два ласера SR- ND Yag придонесува
за подмладување на кожата и во исто време ја подготвува кожата за следниот ПРП-метод. Збогатената плазма со тромбоцити порано се аплицираше во кожата со иглички и беа потребни и до 200 убоди, па самиот третман беше болен. Денес со ласер се прават микроотвори длабоко во кожата, со што се стимулира синтеза на колаген и истовремено се отвораат канали за нанесување РРС-серум, кој продира во длабоките слоеви на епидермот без употреба на игли. Третманот трае 30-45 минути и е целосно комфорен за пациентот.

Каков е ефектот од овој третман?

Со овој антиејџинг-третман се добива силен ефект на природно подмладување и затегнување на кожата, се подобрува тенот, брчките ги снемува, се отстрануваат флеките, а успешно се користи и за отстранување лузни од акни.

Резултатите се видливи по една недела, а целосниот ефект се гледа по 4-6 недели. Најдобри резултати се добиваат по 2-3 третмани, со пауза меѓу третманите од 4 до 6 недели.

За одржување се препорачува да се повтори на 1-2 години, што зависи од возраста и од состојбата на кожата.

Дерма Бела – Скопје

Адреса: Ул. Васил Горгов 22/2 Капиштец – Скопје
Тел. 02-3230888
info@dermabella.com.mk


студио Белеца – Прилеп

Адреса: Ул. М.Тито 47а/2 Прилеп
Тел. 048-414848
info@dermabella.com.mk