Во што се крие тајната на овој метод?
Подмладувањето со Scarlet-методот дава силен ефект затоа што го здружува дејството на ласерското подмладување со стимулација и регенерација со помош на плазма и фактори на раст. Комбинацијата од два ласера SR- ND Yag придонесува
за подмладување на кожата и во исто време ја подготвува кожата за следниот ПРП-метод. Збогатената плазма со тромбоцити порано се аплицираше во кожата со иглички и беа потребни и до 200 убоди, па самиот третман беше болен. Денес со ласер се прават микроотвори длабоко во кожата, со што се стимулира синтеза на колаген и истовремено се отвораат канали за нанесување РРС-серум, кој продира во длабоките слоеви на епидермот без употреба на игли. Третманот трае 30-45 минути и е целосно комфорен за пациентот.