Станува збор за механичко иритирање на кожата со посебна техника (Derma Roller) при што се аплицира Grow Factor (Фактор на раст). Grow Factor е клеточен протеин кој содржи 53 аминокиселини и тој базично учествува во зголемена синтеза на колаген и еластин, хијалуронска киселина и потикнува природни механизми на регенерација на сите структури на кожата. Всушност, аплицирањето на факторот на раст на клетките е најприроден начин на билдинг на колаген и еластин со што се подобрува текстурата на кожата, целокупниот тен станува посјајен и кадифест, кожа оштетена од сонце прекрасно се регенерира и она што е ново во козметологијата е нов пристап во третирање на розацеа, акни, лузни од акни и стрии со овој хормон на раст.
Што се однесува на тело- Grow Factor е единствен во лекување на целулит- го обновува колагеното еластично ткиво и се губи изгледот на кожата како кора од портокал, а исто така делува и на опуштена кожа на надлактица, стомак и најреволуционерно на опуштена кожа на врат.
Значи, генерално гледано оваа метода на третирање на кожата со Grow Factor или хормон на раст е потполно нова и револуциона терапија за регенерација лифтинг и подмладување на кожата и затоа денес и најголемите експерти во Anti Aging терапија го нарекоја како ТРЕТМАН НА ИДНИНАТА.