Screen-Shot-2013-09-12-at-8.38.44-AM-760x430

Жената во овој период од животот е растргната на многу страни. Грижата кон семејството, децата и домаќинството е секојдневие на секоја жена и представува голем пресврт од минатиот период. Ова често пати прави првата средба со борите да биде драматична, а со себе да повлече и намалување на самодовербата. Посебно стресни се 30 итете за оние жени кои покрај секојдневните ангажмани, сакаат да ги исполнат своите соништа, а особено туѓите очекувања на сите животни полиња.

Многу важно е да се знае, дека после 30 тата година од животот нашата кожа произведува 30 % помалку маснотии, таа станува многу посува, а ова е доволна причина за појава на првите фини линии околу очите, устата и челото. Исто така, мора да нагласиме дека нашата кожа старее побрзо од нас самите. Според научните студии процесот на стареење почнува точно во 30 ите години, па затоа голема улога во брзината на процесот на стареење игра навремено започнувањето на правилна нега на кожата. За жал на генетиката и на надворешните фактори неможеме да делуваме, но затоа со личен ангажман и професионална анти агинг помош можеме да ги завртиме случувањата во наша корист!

Анти агинг негата никогаш не била по достапна и поразноврсна од сега. Персоналот во Derma Bella – реномиран центар за Анти Агинг и Естетска медицина редовно ги прати најновите трендови и научни студии за стреењето, па е секогаш ќе Ве советува за правата нега во право верме. Во овој животен период се препорашуваат лесни третмани на кожата, како што е мезотерапијата, која интензивно ја храни кожата и ја подобрува нејзината циркулација и оксигенација. Всушност, со помош на: минералите, витамините, аминокиселините, растителните екстракти и антиоксидантите, кожата ги добива сите неопходни хранливи марии кои ја враќаат нејзината еластичност и свежина, го нормализираат нарушениот баланс и ја подобруваат општата состојба на организмот. Освен мезотерапијата, површинските пилинзи на база на растителни и овошни киселини ги стимулираат функциите на подлабоките слоеви на кожата, па можат многу силно да го променат и да го подобрат квалитетот на кожата. Третманите кои се препорачуваат во овој период не се агресивни туку спротивно на тоа тие се комфорни и безбедни за клиентот, не траат долго и спаѓаат во така наречените “Lunch time” процедури, што има непроценливо значење за модерната жена. Жената која сака да ја зачува својата убавина и да ја потенцира својата женственост!

Дерма Бела – Центар за Анти Агинг, Естестка Медицина и Козметика

Ул. Васил Горгов 22/2 Скопје ; 02 32 30 888 или 070 347 888

Бул. Гоце Делчев 47/2 Прилеп; 048 41 48 48