
Што претставува педикирот
Во Дерма Бела се применува професионална техника на Руски Педикир.
Руски педикир (познат и како комбиниран или сув педикир) е професионален третман на стапалата и ноктите кој се изведува со специјална електрична машинка и различни ротирачки алатки (глави). Овој тип педикир е популарен поради својата прецизност, високо ниво на хигиена и долготрајни резултати.
Рускиот педикир се работи со специјализирани прозиводи наменети за оваа метода.
Постапка:
– Дезинфекција
– Отстранување на старата гел/лак боја (ако има)
– Обработка на кожата околу ноктите
– Отстранување на задебелена кожа и калуси (тврдa кожа на петите и табаните)
– Облик и полирање на ноктите
– Пилинг
– Хидратација
– По избор: нанесување на гел лак или обичен лак
Предности на руски педикир:
– Многу прецизна обработка на кутикулата
– Безболен третман
– Подобра хигиена (се користат стерилни алати)
– Поголема трајност на резултатите
– Помага при проблеми со враснати нокти, задебелувања, габични инфекции (соодветна грижа)
Ефект: Видлив веднаш после првиот третман – Висок сјај, свеж и исполнет изглед на кожата
Овој третман представува наша препознатливост, особено поради специфичниот пристап на персонализирање на третманот, т.е. во зависност од потребите на кожата на клиентот се користат производи соодветни за секој тип на кожа.
– Др. Весна Ѓорѓиеска
Derma Bella
Visit our locations, Derma Bella in Skopje and Studio Beleca in Prilep. Click the phone number for a quick consultation.
Skopje
tel. 02 32 30 888
mob. 070 347 888
st. Franklin Roosevelt No. 1
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Prilep
tel. 048 41 48 48
st. M.Tito 47a/2
7500 Prilep, Republic of North Macedonia
Испратете ни порака
Искористете ја контакт формата за да ни пратите порака.
Ние ги читаме сите ваши пораки. Член на нашиот тим ќе ве побара во најскоро време.
