The only center where medicine and aesthetics come together.

Колаген инјекциона терапија

> Естетика и дерматологија > Колаген инјекциона терапија

Што претставува Колаген инјекционата терапија

Колагенот е протеин и примарна компонента на сврзното ткиво, а заедно со еластинот ја сочинуваат потпорната структура на кожата. Помага во одржување на цврстината, тонусот и тургорот на кожата, правејќи го вреден сојузник против стареењето на кожата. Затоа колагенот е еден од главните фактори кои помагаат да се одржи здрава кожа. Колаген инјекционата терапија (комерцијално позната како Nithya collagen) е естетска процедура која се прави со инјектирање на колаген тип 1 – добиен од коњска тетива – под вашата кожа. Коњскиот колаген е најбезбедната форма на животински колаген и се смета за „златен стандард“ во колагено терапијата. Со колаген инјекционата терапија може да се третира кожата на лицето, вратот, деколтето, дланките и критични места на телото, како стомак, бедра, задник, колена, надлактици.

Ефект: надополна на изгубениот колаген во ткивото, неоколагенеза – стимулација на колаген продукција, зголемена еластичност на кожата, враќање на младешкиот изглед, измазнување на брчките на лицето, подобрување на изгледот на лузните, избелување на пигментации, корекција на несовршеностите на телото како целулит, лузни и стрии.

Овој третман представува наша препознатливост, особено поради специфичниот пристап на персонализирање на третманот, т.е. во зависност од потребите на кожата на клиентот се користат производи соодветни за секој тип на кожа.

Др. Весна Ѓорѓиеска
Времетраење: 30 – 60 мин, зависно од регијата која се третира.
Фрекфенција: последователно 3 третмани на растојание од 21 ден, повторување на циклусот за 6-9 месеци или според проценката на лекарот естетичар.
Возраст: 18+

Derma Bella

Visit our locations, Derma Bella in Skopje and Studio Beleca in Prilep. Click the phone number for a quick consultation.

Skopje
tel. 02 32 30 888
mob. 070 347 888
st. Franklin Roosevelt No. 1
1000 Skopje, Republic of North Macedonia

Prilep
tel. 048 41 48 48
st. M.Tito 47a/2
7500 Prilep, Republic of North Macedonia

Испратете ни порака

Искористете ја контакт формата за да ни пратите порака.
Ние ги читаме сите ваши пораки. Член на нашиот тим ќе ве побара во најскоро време.

Вашето име
Презиме
Email
Вашата порака
Пораката е успешно испратена! Ви благодариме.
Грешка при испраќањето на формуларот. Ве молиме повторно проверете ги сите полиња на формуларот.