
Што претставува RF Microneedling третманот
Подмладувањето со RF Microneedling –от дава силен ефект затоа што го здружува дејството на ласерското подмладување со стимулација и регенерација со помош на плазма и фактори на раст. Комбинацијата од два ласера SR- ND Yag придонесува за подмладување на кожата и во исто време ја подготвува кожата за следниот ПРП-метод.
Збогатената плазма со тромбоцити порано се аплицираше во кожата со иглички и беа потребни и до 200 убоди, па самиот третман беше болен. Денес со ласер се прават микроотвори длабоко во кожата, со што се стимулира синтеза на колаген и истовремено се отвораат канали за нанесување РРС-серум, кој продира во длабоките слоеви на епидермот без употреба на игли.


Каков е ефектот од овој третман?
Со овој антиејџинг-третман се добива силен ефект на природно подмладување и затегнување на кожата, се подобрува тенот, брчките ги снемува, се отстрануваат флеките, а успешно се користи и за отстранување лузни од акни.
Резултатите се видливи по една недела, а целосниот ефект се гледа по 4-6 недели.
Најдобри резултати се добиваат по 2-3 третмани, со пауза меѓу третманите од 4 до 6 недели.
За одржување се препорачува да се повтори на 1-2 години, што зависи од возраста и од состојбата на кожата.
Овој третман представува наша препознатливост, особено поради специфичниот пристап на персонализирање на третманот, т.е. во зависност од потребите на кожата на клиентот се користат производи соодветни за секој тип на кожа.
– Др. Весна Ѓорѓиеска
Derma Bella
Visit our locations, Derma Bella in Skopje and Studio Beleca in Prilep. Click the phone number for a quick consultation.
Skopje
tel. 02 32 30 888
mob. 070 347 888
st. Franklin Roosevelt No. 1
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Prilep
tel. 048 41 48 48
st. M.Tito 47a/2
7500 Prilep, Republic of North Macedonia
Испратете ни порака
Искористете ја контакт формата за да ни пратите порака.
Ние ги читаме сите ваши пораки. Член на нашиот тим ќе ве побара во најскоро време.
