The only center where medicine and aesthetics come together.

APTOS – Thread Lifitng

> Естетика и дерматологија > APTOS – Thread Lifitng

Што претставува третманот лифтингот со конците Аptos

Во споредба со традиционалната операција за лифтинг – која е совршена за видливи промени, но остава и лузни и бара долг период на опоравување, лифтиногот со конците Аptos, нема никакви знаци на интервенција или лузни. И дефинитивно ќе забележите подобрување на текстурата на кожата, фините линии и опуштената кожа. Иноватор на конците Аптос е Грузискиот пластичен, реконструктивен хирург Марлен Суламаниџе во далечната 1987 година.

Сега производната линија на Aptos има голем избор на конци со различен состав, форма и намена.

Аптос конците се направени од апсорбирачки (поли-L-млечна киселина + капролактон) материјал. Полилактичките конци се користат во хирургијата како материјал за шиење повеќе од 50 години, кои се составени од целосно апсорбиран, неалергиски материјал.

Оваа година пронаоѓачите на Aptos претставија нова револуционерна формула за составот на конците – 4та генерација на Aptos конец со НАНО МИКРО ИНКАПСУЛИРАНА хијалуронска киселина.

КОЈ Е КАНДИДАТ ЗА АПТОС?
Идеални кандидати за подигнување со конеци се пациенти со минимални знаци на
стареење на кои им треба само мало подигање. Обично тоа се жени и мажи меѓу 30 и 55 години. Вистински кандидати се оние пациенти кои имаат:

  • изгубена линија на jowline
  • опуштен изглед на средниот дел на лицето
  • опуштен изглед на вратот
  • паднати горни очни капаци
  • мали кеси под очите
  • оние кои имале некаков релапс од претходна процедура како што е лифтинг на лице или лифт на врат
  • Aptos лифтинг третманите може да се користат за лифтирање на различни делови од лицето и телото:
    • Контурите на лицето
    • Jawline
    • Подигнување на образи и средната третина на лицето
    • Подигнување на веѓите
    • Корекција и за затегнување на вратот
    • Подигнување на гради
    • Корекција на абдомен
    • Подигнување на задникот
    • Подигнување на внатрешни бедра
    • Корекција на колената

Процедурата се изведува во стерлни услови со локален анестетик. Веднаш по
процедурата може да имате благ оток или прекумерна корекција, но веќе за неколку дена ќе изгледате како сликите од себе пред неколку години.
Подигнувањето со конци влијае на длабоките слоеви на кожата, така што постапката бара да ја спроведе стручно лице со високо медицинско образование и одлично
познавање на кожата и лицевата анатомија. Дополнително, лекарот мора да помине и соодветни обуки за методите на подигнување на конци.

Лифтинг терапиите со конците Аптос може да се комбинираат и со други естетски
процедури како апликацина филер, ботокс, липолиза. Трајноста на резултатот е од 2-3 години.

Овој третман представува наша препознатливост, особено поради специфичниот пристап на персонализирање на третманот, т.е. во зависност од потребите на кожата на клиентот се користат производи соодветни за секој тип на кожа.

Др. Весна Ѓорѓиеска
Времетраење: 30-60 мин.
Фрекфенција: според проценката на лекарот
Возраст: 18+

Derma Bella

Visit our locations, Derma Bella in Skopje and Studio Beleca in Prilep. Click the phone number for a quick consultation.

Skopje
tel. 02 32 30 888
mob. 070 347 888
st. Franklin Roosevelt No. 1
1000 Skopje, Republic of North Macedonia

Prilep
tel. 048 41 48 48
st. M.Tito 47a/2
7500 Prilep, Republic of North Macedonia

Испратете ни порака

Искористете ја контакт формата за да ни пратите порака.
Ние ги читаме сите ваши пораки. Член на нашиот тим ќе ве побара во најскоро време.

Вашето име
Презиме
Email
Вашата порака
Пораката е успешно испратена! Ви благодариме.
Грешка при испраќањето на формуларот. Ве молиме повторно проверете ги сите полиња на формуларот.