- Без вода нема убавина. Пиете вода и свежи напитоци и спијајте барем 7 часа дневно.
- Секојдневно чистете ја кожата со млеко и тоник или пак некое комбинирано средство и секогаш користете соодветен крем за вашата кожа. Еднаш неделно направете механички пилинг за да го одстранете слојот на изумрени клетки.
- Информирајте се за производите кои ги користите и консултирајте се со сручно лице за истите.
- Редовно користете зашита од сонце најмалку заштитен фактор 30, со тројна заштита. Ова е неопходно за да се успори процесот на стареење.
- Најважно е на време да се почне со нега на лице и да се применуваат соодветни третмани според типот на кожата и возраста.
- Редовно правте козметички третман еднаш месечно, а ако е потребно и почесто.
- Еднаш годишно правете хемиски пилинг и вашата кожа ќе биде светла и сјајна. Сега постојат нови генерации на хемиски пилинзи кои даваат порцелански сјај на кожата.
- Два пати годишно во есен и пролет правете хидротерапии со алги за длабока хидратација и ревитализација на клетките на кожата. Третманите се прават во серија и имаат за цел да ја припремат кожата за студените или топлите денови. На овој начин се успорува процесот на стареење на кожата.
- Најважно е на време да се почне со соодветни методи за подмладување т.н. anti aging третмани, филери, ботокс, мезотерапија, радиолифтинг, ласерски терапии. Секогаш информирајте се за производите и побарајте искусен доктор.
- Информирајте се добро и вашата кожа и лице доверете го само на стручни и проверени центри и искусен доктор.