
Што претставуваат хемиските пилинзи
Skin Tech Pharma Group нуди извонредни медицински формули за пилинг засновани на 25-годишно практично искуство и научно истражување и развој чија цел е справување со разни состојби на кожата како: фини линии, фото-стареење, проблеми со кожата кај тинејџерите, лузни од акни, проблеми со пигментот (хиперпигментација), мелазма, кератози, стрии, „старечки дамки“ итн.
Пилинзите за кожа се дизајнирани да предизвикаат контролирани повреди на различни длабочини на кожата, почнувајќи од површни до средни и длабоки.
Кога растворот за пилинг се нанесува на кожата, тој предизвикува промена на нејзината структура и последователна елиминација (лупење) на соодветниот слој на кожата.

Со хемиски пилинг се постигнува: поттикнување на раст на нови клетки, задебелување на кожата, обновува на колаген и еластин, подобрен тон на кожата, просветлена кожа, омекнување на фини линии и брчки, намалени лузни од акни, поцврста тонирана кожа, намалена големина на порите.
Овој третман представува наша препознатливост, особено поради специфичниот пристап на персонализирање на третманот, т.е. во зависност од потребите на кожата на клиентот се користат производи соодветни за секој тип на кожа.
– Др. Весна Ѓорѓиеска
Дерма Бела
Посетете ги нашите локации, Дерма Бела во Скопје и Студио Белеца во Прилеп. Кликнете на телефонскиот број за брза консултација.
Скопје
тел. 02 32 30 888
моб. 070 347 888
ул. Франклин Рузвелт бр.1
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Прилеп
тел. 048 41 48 48
ул. М.Тито 47а/2
7500 Прилеп, Република Северна Македонија
Испратете ни порака
Искористете ја контакт формата за да ни пратите порака.
Ние ги читаме сите ваши пораки. Член на нашиот тим ќе ве побара во најскоро време.
