
За нас
Добредојдовте во првиот центар во Македонија каде што се спојуваат убавината, науката и врвната медицинска експертиза.
Куќа каде медицината и козметологијата се обединети во служба на здравјето, префинетата нега и естетиката на кожата, водена од медицинска прецизност, напредни технологии и целосно индивидуализиран пристап.
Дерма Бела нуди нова ера во славењето на убавината – природна, современа и медицински водена.
ВЕРУВАМЕ ВО УБАВИНАТА
Веруваме дека обратното стареење е најневеројатната потрага на човештвото од многу одамна. Ние веруваме дека сме пионири и дел од основоположниците на историската научна револуција- создавањето на новата гранка во медицината – Естетска Медицина. Нашиот триумф во борбата со знаците на стареење ќе ја продолжи нашата убавина и здравје, додавајќи живот на нашите години, а не години на нашите животи.
Специфичниот пристап и начин на работа не прави препознатливи за клиентите. Ние постојано ги имплементираме нашите најнови научни сознанија од светските Anti aging конгреси и научни средби во нашите терапии, правејќи ги достапни за Вас.
Нашиот успех се должи на големата посветеност, љубов и континуирана едукација на целиот персонал. Повеќе од 3 децении постоење е гаранција за нашиот квалитет, искуство и грижа за убавината на секој клиент.
Ние веруваме во вечна убавина!



НАШИОТ ТИМ
Персоналот во Дерма Бела се водечки специјалисти од областа каде што се спојуваат медицината и козметиката. Ви гарантираме висококвалификувана дијагностика, безбеден третман и нега во сите фази од вашата индивидуална програма.
ПОВЕЌЕ ОД ТРИ ДЕЦЕНИИ ИСКУСТВО
Дерма Бела е основана во 1993г. од страна на Др. Весна Ѓорѓиеска.
Повеќе од 30 години успешно работи во служба на медицината и убавината.













