Единствениот центар во кој се спојуваат медицината и козметиката.

RRS LONG LASTING- “LO LA“ – Skin Builder

> Естетика и дерматологија > RRS LONG LASTING- “LO LA“ – Skin Builder

Што претставува RRS LONG LASTING- “LO LA“ – Skin Builder

RRS HA Long Lasting е нов хибриден производ од компанијата Skin Tech кој има карактеристики и на биоревитализатор и на хијалуронски филер.

„Лола“ како производ помеѓу овие две, се нарекува и „Скин билдер“ и се користи за биоревитализација на лицето, вратот, деколтето, дланките со благо волуменско полнење. Специчифичниот начин на апликација дозволкува корекција на видливите траги од стареењето, подобрување на хидратацијата и тонусот на кожата и надополнување на изгубениот волумен.

Тоа е вкрстено поврзана хијалуронска киселина со концентрација од 7mg/1ml (21mg/3ml) со АА Protective buffer (Amino Acids) амино киселини со антиоксидативни својства кои ја “штитат” хијалуронската киселина од оксидација.

Го подобрува тургорот, еластичноста и постигнува оптимална хидратација на кожата, со што се подобрува целокупниот изглед на кожата и ја ремоделира.

Колку време трае процедурата?
Специчифичниот начин на апликација е во 7 лифтинг точки по лицева страна. Во договор со докторот апликацијата е целосно индивидуална, т.е. начинот на апликација се дефинира од потребите на пациентот. Процедурата трае само околу 10 минути, и се аплицира со локален анестетик .

Покрај лицето, може да се третираат и вратот, деколтето и рацете. Тие регии се третираат со техниката на канила, тоа се и кратки интервенции до 10 минути по регија.

Колку често?
Во зависност од состојбата, доволно е до 2-3 пати годишно, најчесто пациентите се задоволни веќе со првиот третман

Овој третман представува наша препознатливост, особено поради специфичниот пристап на персонализирање на третманот, т.е. во зависност од потребите на кожата на клиентот се користат производи соодветни за секој тип на кожа.

Др. Весна Ѓорѓиеска
Времетраење: 30-60 мин, зависно од регијата која се третира.
Фрекфенција: 2-3 пати годишно, или според проценката на лекарот
Возраст: 18+

Дерма Бела

Посетете ги нашите локации, Дерма Бела во Скопје и Студио Белеца во Прилеп. Кликнете на телефонскиот број за брза консултација.

Скопје
тел. 02 32 30 888
моб. 070 347 888
ул. Франклин Рузвелт бр.1
1000 Скопје, Република Северна Македонија

Прилеп
тел. 048 41 48 48
ул. М.Тито 47а/2
7500 Прилеп, Република Северна Македонија

Испратете ни порака

Искористете ја контакт формата за да ни пратите порака.
Ние ги читаме сите ваши пораки. Член на нашиот тим ќе ве побара во најскоро време.

Вашето име
Презиме
Email
Вашата порака
Пораката е успешно испратена! Ви благодариме.
Грешка при испраќањето на формуларот. Ве молиме повторно проверете ги сите полиња на формуларот.