
Што претставува мезотерапијата
Мезотерапијата е Француски третман кој може да и даде на вашата кожа сјаен и жив тен. Стареењето е неизбежен процес кој не придружува во текот на нашите животи. За жал, може да донесе и некои помалку естетски пријатни промени на нашето лице, врат и деколте. Кожата станува уморна, брчките се продлабочуваат и се појавуваат проблеми како што се пигментацискии, старечки дамки, видливи капилари и други несовршености. Мезотерапијата на лицето е ефикасен како витален третман во годишен календар за одржување на посакуваниот изглед на кожата во текот на целата година.

ШТО Е МЕЗОТЕРАПИЈА?
Мезотерапијата е модерна естетска и анти-ејџинг процедура која вклучува вбризгување на мезококтели во средниот слој на кожата со помош на фини игли. Оваа техника длабински ја хидрира и храни кожата со основните состојки, враќајќи и ја виталноста, влажноста и сјајот.
За разлика од кремите и серумите кои се користат во секојдневната нега на кожата, кои првенствено ги таргетираат површните слоеви на кожата, мезотерапијата продира во подлабоките слоеви. Коктелите за мезотерапија се состојат од различни комбинации на хијалуронска киселина, амино киселини и витамини. Овие коктели не само што обезбедуваат итна испорака на активни состојки до кожата, туку и го стимулираат производството на колаген и еластин.
Изборот на висококвалитетни мезококтели е од најголема важност. Во нашата пракса, ние користиме докажани и Светски познати Шпански Aesthetic Dermal PPC коктели.
За интензивни резултати, се избира мезококтел со висока концентрација на хијалуронска киселина, биоактивни пептиди, витамин Ц и ретинол. Хијалуронската киселина, покрај извонредните ефекти против стареење и интензивната хидратација, го олеснува постепеното ослободување на пептиди и витамини, што доведува до продолжена регенерација.
Мезотерпаија како метода се работи на лице, тело и на коса.
Препорака: За зрела кожа со поизразени знаци на стареење, мезотерапијата често се комбинира со други третмани како што се ласери, филери итн.

КОИ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД МЕЗОТЕРАПИЈАТА?
Ефекти: Мезотерапијата ја враќа свежината на кожата, ја намалува видливоста на несовршеностите и истовремено ја подмладува, длабоко хидрира и го подобрува нејзиниот сјај. Овој третман го стимулира производството на колаген и еластин, што резултира со постепено затегнување на кожата и значително подобрување на квалитетот на кожата. Во случај на мезотерапија за телото, ја намалува видливоста на целулитот, а истовремено промовира затегнување и измазнетост на кожата.
Овој третман представува наша препознатливост, особено поради специфичниот пристап на персонализирање на третманот, т.е. во зависност од потребите на кожата на клиентот се користат производи соодветни за секој тип на кожа.
– Др. Весна Ѓорѓиеска
Дерма Бела
Посетете ги нашите локации, Дерма Бела во Скопје и Студио Белеца во Прилеп. Кликнете на телефонскиот број за брза консултација.
Скопје
тел. 02 32 30 888
моб. 070 347 888
ул. Франклин Рузвелт бр.1
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Прилеп
тел. 048 41 48 48
ул. М.Тито 47а/2
7500 Прилеп, Република Северна Македонија
Испратете ни порака
Искористете ја контакт формата за да ни пратите порака.
Ние ги читаме сите ваши пораки. Член на нашиот тим ќе ве побара во најскоро време.
