
Што претставува ласерската епилација
Диодниот ласер е еден од најчесто користените и најефикасни ласери за трајно одстранување на влакната, особено кај лица со светла кожа и темни влакна.
Што е диоден ласер?
Диодниот ласер користи бранова должина од околу 800–810 nm, што му овозможува да навлезе длабоко во кожата и да ја таргетира меланинот (пигментот) во фоликулот на влакното. Така се уништува фоликулот без да се оштети околната кожа.
Кои области може да се третираат?
Лице (брада, мустаќи, образи), Подпазуви, Рацe и нозе Интимни зони (бикини линија), Грб, гради и стомак (кај мажи)
Колку третмани се потребни?
Потребни се 6 до 10 третмани, на интервали од 4 до 6 недели, бидејќи ласерот е најефикасен во фазата на активен раст (анагена фаза) на влакната.

Можни несакани ефекти
Лесно црвенило, оток или печење (привремено)
Можна промена на пигментација (ретко)
Избегнување сонце пред/после третман
Не се препорачува ако има воспаление, инфекции или хормонални нарушувања кои не се третирани
Подготовка пред третман:
Не депилирај со восок, пинцета или електрични епилатори (2–3 недели пред)
Бричи ја областа 24–48 ч. пред третман
Не нанесувај креми, дезодоранси или парфеми на денот на третманот
Избегнувај изложеност на сонце/солариум најмалку 7 дена пред и по третманот
Во Дерма Бела користиме DIODE COOL Laser , кој во текот на третманот интензивно ја лади кожата, што овозможува комфорен и безболен третман.
Овој третман представува наша препознатливост, особено поради специфичниот пристап на персонализирање на третманот, т.е. во зависност од потребите на кожата на клиентот се користат производи соодветни за секој тип на кожа.
– Др. Весна Ѓорѓиеска
Дерма Бела
Посетете ги нашите локации, Дерма Бела во Скопје и Студио Белеца во Прилеп. Кликнете на телефонскиот број за брза консултација.
Скопје
тел. 02 32 30 888
моб. 070 347 888
ул. Франклин Рузвелт бр.1
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Прилеп
тел. 048 41 48 48
ул. М.Тито 47а/2
7500 Прилеп, Република Северна Македонија
Испратете ни порака
Искористете ја контакт формата за да ни пратите порака.
Ние ги читаме сите ваши пораки. Член на нашиот тим ќе ве побара во најскоро време.
