Единствениот центар во кој се спојуваат медицината и козметиката.

Дерматолошки преглед

> Естетика и дерматологија > Дерматолошки преглед

Што претставува дерматолошкиот преглед

Дерматолошкиот преглед е консултација со специјалист дерматолог, кој ја проценува кожата, ноктите, косата и мукозните мембрани. Се користи за дијагностицирање, следење и лекување на кожни болести или за превентивен преглед, како што е проверка на младежи или кожни промени.

Како изгледа типичен дерматолошки преглед?
Анамнеза (разговор со пациентот)
Клинички преглед на кожата
Оценка на лезии, промени, осип, воспаление и др.
Дијагноза и препораки
Терапија (локални или орални лекови, масти, антибиотици, антифунгали, фототерапија итн.)
Понатамошни испитувања (биопсија, крвни анализи, алерго-тестови)

Следење или контрола
Особено важно кај пациенти со ризик од меланом или хронични болести како псоријаза, акни, атописки дерматит и сл.

Зошто и кога да закажеш дерматолошки преглед?
Промени на младежи (боја, форма, големина, асиметрија)
Акни, розацеа, егзема, псоријаза
Габични инфекции на кожа или нокти
Косопад или абнормален раст на коса
Чешање, лупење, осип или сувост
Контролен преглед еднаш годишно, особено ако си светол тен или често си изложен/а на сонце

Овој третман представува наша препознатливост, особено поради специфичниот пристап на персонализирање на третманот, т.е. во зависност од потребите на кожата на клиентот се користат производи соодветни за секој тип на кожа.

Др. Весна Ѓорѓиеска
Времетраење: 30 – 60 мин.
Фрекфенција: 1 годишно
Возраст: 15+

Дерма Бела

Посетете ги нашите локации, Дерма Бела во Скопје и Студио Белеца во Прилеп. Кликнете на телефонскиот број за брза консултација.

Скопје
тел. 02 32 30 888
моб. 070 347 888
ул. Франклин Рузвелт бр.1
1000 Скопје, Република Северна Македонија

Прилеп
тел. 048 41 48 48
ул. М.Тито 47а/2
7500 Прилеп, Република Северна Македонија

Испратете ни порака

Искористете ја контакт формата за да ни пратите порака.
Ние ги читаме сите ваши пораки. Член на нашиот тим ќе ве побара во најскоро време.

Вашето име
Презиме
Email
Вашата порака
Пораката е успешно испратена! Ви благодариме.
Грешка при испраќањето на формуларот. Ве молиме повторно проверете ги сите полиња на формуларот.