
Што претставува ботулинскиот токсин
Ботулинскиот токсин е многу популарна процедура која претставува безбеден и ефикасен начин за намалување и решавање на проблемот со брчките кои се предизвикани од дејството на многу активните мимички мускули на лицето.
Ботулинскиот токсин се користи во медицината веќе 40 години во лекување на спастични нарушувања во неврологијата. Но, го достигна својот врв во естетската медицина, за отстранување на брчките, а за оваа намена се користи веќе 30 години. Ова е нај популарниот третман за подмалдување, од кој годишно се вршат повеќе од 6 милиони третмани;
Ботулински токсин е еден од најбезбедните и најефикасните достапни производи за отстранување на брчките поради својата долга историја и опсежното истражување што го претрпе; во светот третманот со ботулински токсин е познат и како процедура „пауза за ручек“, со оглед на тоа што понекогаш трае само околу 15 минути.


Во кои регии се применува ботулински токсин?
Најчеста примена на ботулински токсин е во пределот на челото, помеѓу веѓите и околу очите, кога сакаме да се ослободиме од брчките кои се видливи при изразување на емоции.
Ботоксот дава најдобар ефект доколку сакате да ги отстраните:


Што не треба да се прави по третманот со ботулински токсин?
Еве неколку совети кои ќе им помогнат на пациентите да ги максимизираат ефектите од ботоксот. Веднаш по процедурата не смеете да се изложувате на интензивен физички напор, затоа теретаната може да почека.
Не се препорачува спиење по третманот, најмалку 4 часа по интервенцијата. Избегнувајте сауни или солариум 3-4 дена по третманот. Масажата и козметичкото чистење на лицето исто така не се препорачуваат во текот на првата недела по третманот.
Ефекти: Ова е прашањето за кое пациентите најмногу се интересираат и со право сите се желни да ги видат првите ефекти на неверојатниот ботулински токсин.
Повеќето луѓе ги забележуваат првите ефекти по 3-7 дена, додека целосниот ефект е видлив по 10-15 дена. Ќе забележите дека вашата кожа е видно затегната, подмладена и без постојани длабоки брчки.


Колку долго трае ефектот на ботулински токсин?
Ќе можете да уживате во резултатите од третманот во следните 4 до 6 месеци, кога се препорачува повторување на постапката, а секој пат ефектот е подолг.
Кога не треба да се користи ботулински токсин?
Постојат неколку случаи кога не се препорачува употреба на ботулински токсин: ако сте алергични на препаратот, ако има инфекција во регионот што треба да се третира, кај бремени жени и доилки, во случај на невролошки нарушувања, ако користите антибиотици и други мускулни релаксанти.
Бидејќи FDA го одобри овој препарат, тој може безбедно да се користи од 18-годишна возраст, а најчесто се користи кај пациенти на возраст од 30 до 70 години. Општо земено, никогаш не е рано за овој третман, бидејќи ако ботулинскиот токсин се инјектира со појавата на првите брчки, веројатноста тие да останат на лицето е многу мала.
Овој третман представува наша препознатливост, особено поради специфичниот пристап на персонализирање на третманот, т.е. во зависност од потребите на кожата на клиентот се користат производи соодветни за секој тип на кожа.
– Др. Весна Ѓорѓиеска

Дерма Бела
Посетете ги нашите локации, Дерма Бела во Скопје и Студио Белеца во Прилеп. Кликнете на телефонскиот број за брза консултација.
Скопје
тел. 02 32 30 888
моб. 070 347 888
ул. Франклин Рузвелт бр.1
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Прилеп
тел. 048 41 48 48
ул. М.Тито 47а/2
7500 Прилеп, Република Северна Македонија
Испратете ни порака
Искористете ја контакт формата за да ни пратите порака.
Ние ги читаме сите ваши пораки. Член на нашиот тим ќе ве побара во најскоро време.

