Единствениот центар во кој се спојуваат медицината и козметиката.

ПРП – Третман со плазма богата со тромбоцити

> Естетика и дерматологија > ПРП – Третман со плазма богата со тромбоцити

Што претставува ПРП – третман со плазма богата со тромбоцити

Лице
Подмладувањето на лицето со плазма богата со тромбоцити (PRP) ја користи вашата сопствена крв за да го стимулира производството на колаген и да ги активира факторите на раст. Револуционерното решение против стареење или оштетена кожа (оштетување од сонце или лузни) познато и како “природен филер” е минимално инвазивен третман со кој плазмата богата со тромбоците се инјектира директно во вашата кожа што предизвикува брза регенерација и репарација.

Ефект: Помлада, помазна, длабински регенерирана и генерално поздрава кожа.

Овој третман представува наша препознатливост, особено поради специфичниот пристап на персонализирање на третманот, т.е. во зависност од потребите на кожата на клиентот се користат производи соодветни за секој тип на кожа.

Др. Весна Ѓорѓиеска
Времетраење: 30 мин
Фрекфенција: еднаш месечно, со препорака на 3 последователни третмани на секои 30 дена за максимален ефект и третмани за одржување во период од 6 до 12 месеци.
Возраст: 16+

Коса
PRP (плазма богата со тромбоцити) против проретчување и губиток на косата е третман кој вклучува земање мала количина крв од пациентот, одвојување на факторите на раст и биоактивни протеини во крвта (кои иницираат и забрзуваат репарација и регенерација на ткивото) и инјектирање на оваа плазма во скалпот, за да се поттикне растот на косата. Подобрување се забележува во рок од 90 дена, при што растот на косата продолжува да се подобрува кај некои пациенти во текот на 6 месеци. PRP може да се комбинира со други третмани против губење на косата, вклучително и мезотерапија, трансплантација на коса и медикаментозна терапија.

Eфект: Третманот ја зголемува густината на косата и го намалува опаѓањето на косата на нормално ниво.

Овој третман представува наша препознатливост, особено поради специфичниот пристап на персонализирање на третманот, т.е. во зависност од потребите на кожата на клиентот се користат производи соодветни за секој тип на кожа.

Др. Весна Ѓорѓиеска
Времетраење: 60 мин
Фрекфенција: Протоколот за третман вклучува 3 сесии на PRP со по еден третман секој месец, во период од 3 месеци. Се препорачува тековен третман за одржување на секои шест месеци.
Возраст: 16+

Дерма Бела

Посетете ги нашите локации, Дерма Бела во Скопје и Студио Белеца во Прилеп. Кликнете на телефонскиот број за брза консултација.

Скопје
тел. 02 32 30 888
моб. 070 347 888
ул. Франклин Рузвелт бр.1
1000 Скопје, Република Северна Македонија

Прилеп
тел. 048 41 48 48
ул. М.Тито 47а/2
7500 Прилеп, Република Северна Македонија

Испратете ни порака

Искористете ја контакт формата за да ни пратите порака.
Ние ги читаме сите ваши пораки. Член на нашиот тим ќе ве побара во најскоро време.

Вашето име
Презиме
Email
Вашата порака
Пораката е успешно испратена! Ви благодариме.
Грешка при испраќањето на формуларот. Ве молиме повторно проверете ги сите полиња на формуларот.