Единствениот центар во кој се спојуваат медицината и козметиката.

Слабеење и реобликување на тело

> Козметологија > Слабеење и реобликување на тело

Што претставува третманот за обликување на тело

Комплексен третман за обликување и контурирање на тело

(пилинг + лимфна дренажа + слиминг масажа)


Подарете му ѝ на вашето тело вистински детокс и ревитализирачки ритуал!
Овој уникатен третман е создаден за сите кои сакаат намалување на обемот, подобра циркулација и видливо поцврста и мазна кожа. Комбинира три професионални чекори што заедно создаваат моќен ефект на контурирање и моделирање на телото.

1. Пилинг
Третманот започнува со нежен пилинг кој ја отстранува мртвата кожа, ја стимулира микроциркулацијата и ја подготвува кожата за подлабока апсорпција на активните состојки. Резултатот е свежа, мека и сјајна кожа уште по првата апликација.

2. Лимфна дренажа
Следува мануелна лимфна дренажа – специјална техника што го поттикнува природното исфрлање на токсините и ја намалува задржаната течност. Ова делува смирувачки, детоксикирачки и ја прави кожата поеластична и поодморена.

3. Слиминг масажа
Во завршната фаза се изведува интензивна слиминг масажа со професионални масла и активни состојки кои го поттикнуваат топењето на масните наслаги, го зацврстуваат ткивото и ја моделираат силуетата.

Резултат:
• Намален обем и чувство на леснотија
• Подобрена циркулација и лимфен проток
• Мазна, затегната и видливо ревитализирана кожа
• Совршено обликувана силуета

Препорака:
За најдобри резултати се препорачува серија од 6–10 третмани, во комбинација со здрав начин на исхрана и умерена физичка активност.

Овој третман представува наша препознатливост, особено поради специфичниот пристап на персонализирање на третманот, т.е. во зависност од потребите на кожата на клиентот се користат производи соодветни за секој тип на кожа.

Др. Весна Ѓорѓиеска
Времетраење: /
Фрекфенција: /
Возраст: /
Серија: /

Дерма Бела

Посетете ги нашите локации, Дерма Бела во Скопје и Студио Белеца во Прилеп. Кликнете на телефонскиот број за брза консултација.

Скопје
тел. 02 32 30 888
моб. 070 347 888
ул. Франклин Рузвелт бр.1
1000 Скопје, Република Северна Македонија

Прилеп
тел. 048 41 48 48
ул. М.Тито 47а/2
7500 Прилеп, Република Северна Македонија

Испратете ни порака

Искористете ја контакт формата за да ни пратите порака.
Ние ги читаме сите ваши пораки. Член на нашиот тим ќе ве побара во најскоро време.

Вашето име
Презиме
Email
Вашата порака
Пораката е успешно испратена! Ви благодариме.
Грешка при испраќањето на формуларот. Ве молиме повторно проверете ги сите полиња на формуларот.