Единствениот центар во кој се спојуваат медицината и козметиката.

Microneedling (ДермаПен)

> Естетика и дерматологија > Microneedling (ДермаПен)

Што претставува НАНО ЛИФТ третманот

Напреден ревитализирачки третман кој комбинира три дерматолошки техники со докажан ефект:
Dermapen микронеедлинг, мезотерапија и хемиски пилинг.
Синергијата на овие процедури овозможува кожата да се обнови одвнатре, да се стимулира колагенот и да се постигне природно, здраво сјаење.

Што опфаќа третманот:
• Dermapen – микронеедлинг технологија која создава микро-канали во кожата, стимулирајќи природна регенерација и засилено создавање на колаген и еластин.
• Мезотерапија – внесување на коктел од витамини, аминокиселини и хијалуронска киселина за длабинска хидратација и ревитализација.
• Хемиски пилинг – прецизно ексфолирање кое ги отстранува мртвите клетки, ја изедначува текстурата и го осветлува тенот.

Резултати:
• Лифтинг ефект и видливо затегнување на кожата
• Подмладување и подобрена еластичност
• Намалени пори и фини линии
• Интензивна хидратација и свеж изглед
• Избелување и урамнотежен, сјаен тен

За кого е наменет:
Нано Лифт третманот е идеален за кожа која изгледа уморно, дехидрирано или има нерамномерен тен, фини линии или проширени пори. Безболен е, со минимално време за опоравување, и дава резултати што се чувствуваат веднаш – а се подобруваат со текот на времето.

Нано Лифт– интелигентна грижа за кожата што ја враќа нејзината природна живост.

Овој третман представува наша препознатливост, особено поради специфичниот пристап на персонализирање на третманот, т.е. во зависност од потребите на кожата на клиентот се користат производи соодветни за секој тип на кожа.

Др. Весна Ѓорѓиеска
Времетраење: /
Фрекфенција: 1 неделно 4-6 третмани
Возраст: 40+ год.
Серија: /

Дерма Бела

Посетете ги нашите локации, Дерма Бела во Скопје и Студио Белеца во Прилеп. Кликнете на телефонскиот број за брза консултација.

Скопје
тел. 02 32 30 888
моб. 070 347 888
ул. Франклин Рузвелт бр.1
1000 Скопје, Република Северна Македонија

Прилеп
тел. 048 41 48 48
ул. М.Тито 47а/2
7500 Прилеп, Република Северна Македонија

Испратете ни порака

Искористете ја контакт формата за да ни пратите порака.
Ние ги читаме сите ваши пораки. Член на нашиот тим ќе ве побара во најскоро време.

Вашето име
Презиме
Email
Вашата порака
Пораката е успешно испратена! Ви благодариме.
Грешка при испраќањето на формуларот. Ве молиме повторно проверете ги сите полиња на формуларот.