Овој третман се прави со помош на Mezogun – алатка со која најпрецизно се аплицираат предходно припремените коктели т.е раствори директно во кожата. На овој начин се аплицираат коктели за подмладување, освежување, затегнување или стмулација на кожата.
Со помош на мезотерапија успешно се лекува косопад или зајакнување на коренот на влакното и подобрување на квалитетот на косата, витилиго, флеки и пигментација …
Мезотерапијата освен со Mezogun може да се работи со помош на Дерма Ролер, со оваа алатака се прават микро убоди на кожата при што кожата механички се иритира и се стимулира на саморегенерација. Во оваа ситуација коктелите не се аплицираат директно во кожата, туку надворешно на површината на кожата атаа самата ги апсорбира.
Дерма Бела за мезотерапија користи коктели на шпанската компанија Aesthetic Dermal. Компанијата е лидер во производството на коктели за мезотерапија на светско ниво, таа е препознатлива и ценета во повеќе од 70 земји во светот.
Д-р Весна Ѓорѓиеска е првиот лекар на нашите простории која го воведе во пракса методот мезотерапија за естетски цели.