Што е ботокс?
Ботоксот е супстанција која ја излачува бактеријата Clostridium botulinum. Мали, точно разредени количини од Ботокс се инјектираат подкожно во мускулите со цел естеско подмладување.
Како дејствува Ботоксот?
Ботоксот ја блокира реакцијата помеѓу нервот и мускулот. Па, така мускулот не ја добива информацијата да се контрахира и останува релаксиран. Ова овозмочува брчките да се измазнат и кожата да стане помазна.
Ботоксот се употребува во естетски цели за да се измазнат мимичните брчки односно брчките кои се предизвикани од мимиките кои секојдневно ги правиме со изразот на лицето.
Дали третманот е болен?
Третманот е комплетно безболен , трае 20 мин.
Најчесто се потребни 3 – 7 дена за да види правиот ефект.
Колку долго трае ефектот?
Ефектот од ботксот трае до 6 месеци. После овој период мускулатурата повторно се врача во кондиција и третманот се повторува.